X
 06.08.2023 Забава

Психолошки тест од 1948 година открива каква личност сте

Во 1948 година швајцарскиот психотерапевт Мак Лишер создал тест кој се смета за револуционерен. Тестот е слика од осум правоаголници во различна боја. Вие треба да одберете еден од нив. Важно е да не размислувате при изборот, туку да ве води потсвеста. Не треба да ја одбирате омилената боја, туку само да ја следите интуицијата.



Црна боја

Ако ја одбравте црната боја, го знаете чувството на осаменост, но знаете како да се справите со тоа. Се трудите да не ги покажувате вашите слабости, иако потајно сонувате дека некој ќе ви посвети поголемо внимание. Сите проблеми ги решавате сами, имате свое мислење и другите луѓе не влијаат врз вас.

Сива боја

Ако избравте сива боја, вие сте многу внимателна личност. Се трудите да не се издвојувате од толпата, но имате богат внатрешен свет. Вие сте искрени и скромни. Честопати имате сомнежи во себе. Не правете го тоа, само додајте малку боја во вашиот живот.

Црвена боја

Ако го избравте црвениот квадрат, имате многу емотивна природа. Сакате многу страсно, но и мразите. Можете лесно да навредите некого ненамерно, но целосно да бидете несвесни за тоа и без да размислувате за последиците. Сепак, сакате да ги расположувате луѓето околу вас.

Жолта боја

Ако го избравте жолтиот квадрат, вие сте многу позитивна, отворена и друштвена личност. Имате оптимистички поглед на светот. Знаете да ги сакате луѓето и лесно можете да комуницирате. Имате многу хобија бидејќи ве интересираат многу работи. Знаете да уживате во едноставните работи и да се восхитувате на фактот дека тие го сочинуваат животот.

Кафена боја

Ако ја избравте кафената боја, вие сте практична и објективна личност. Важни ви се фактите и доказите, а не идеите и соништата. Секогаш ги оценувате вашите можности на реален и објективен начин. Понекогаш би било добро да се опуштите.

Сина боја

Ако сте ја одбрале сината боја, тоа значи дека сте мирни и секогаш стабилни. Психолошката рамнотежа ви е важна во секоја ситуација. Имате голема самодоверба и секогаш се стремите кон хармонија. Сепак, вие сте и вистински сонувач, романтичар, па здодевна ви е монотонијата на секојдневието.

Зелена боја

Ако се одлучивте за зелената боја, имате голем потенцијал за успешен живот. Го сакате вашиот живот и сè околу вас. Свесни сте за своите цели и секојдневно одите кон нив. Многу слабо реагирате на критиките и губите самодоверба кога не добивате само позитивни коментари.

Виолетова боја

Ако изберете виолетова боја, вие сте љубопитна и страсна личност. Виолетовата боја ги обединува спротивностите. Вие сте весела личност - имате остри премини од активност до целосна рамнодушност, од крајност во крајност, но во вашата душа се стремите кон хармонија. Оваа боја често ја избираат креативните луѓе.

Извор: Alo
Насловна фотографија: Twitter

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава