X
 06.11.2021 Живот

Што мислат луѓето за Никола Тесла и како би изгледал светот без него?

Никола Тесла е секогаш тема на многу дискусии, но, за жал, ретко се зборува за неговите пронајдоци и достигнувања. Поединци го опишуваат Тесла како човекот што го измисли 20 век.

Се проценува дека Тесла измислил околу 700 патенти без кои денешниот свет би бил незамислив. Затоа, веб-страницата klik.hr на познатата социјална платформа „Quora“ го постави прашањето: Како би изгледал светот без Никола Тесла?

Ова се некои од одговорите на корисниците.

Вилијам Бити: Не можеме ни да замислиме што би изгубиле да не беше Тесла, најмногу затоа што не знаеме колку други научници инспирирал со своите идеи кога присуствувале на неговите предавања.

Бил Хансон: Како и за многу работи, идејата е најважна. Никола Тесла бил лидер во идеите. Леонардо да Винчи, исто така, смислил многу работи за кои биле потребни векови за да се реализираат; ги направил првите дизајни на тенкови и хеликоптери. Можеме да кажеме дека Тесла е рамноправен со Да Винчи во тој поглед.

Прем С: Да не беше Тесла, воопшто немаше да можеме да го поставиме ова прашање на интернет, всушност, интернетот немаше да постои, а ако имавме некој уред сличен на денешните мобилни телефони без Тесла, не би можеле да го наполниме.

1
Фото: Wikipedia

Абхинав Гупта: Струјата би била вистински луксуз во земјите во развој, а во развиените, богатите земји би била многу скапа. Компјутерите, исто така, би биле луксуз дури и во најбогатите држави. Општеството во кое живееме сега би изгледало како што изгледал светот пред 50 или 60 години.

Даниел Брац: Тесла измислил толку многу работи што ние денес ги земаме здраво за готово. Не можам ни да замислам каков би бил светот да не постоел.

Навики на големиот мислител

Овој гениј, исто така, често доживувал визии при прошетка во природа, односно преку престојот во природа успеал да сфати како да пренесе слики од главата во реалниот свет. Наводно токму така го сфатил и нацртал принципот на работа на електромотор кој се напојува со наизменична струја. Тој го опишал тоа велејќи: - Би дал илјада тајни на природата на кои случајно налетав за оваа што ја извлеков од природата и покрај сите чуда и опасности со кои се соочив.

Неговиот живот го одбележаа и многу стравови и фобии. Историчарите што го проучувале неговиот лик и дело наведуваат дека тој имал силна одбивност кон женските обетки, инсистирал да остане во соба која се дели со три (соба број 3327, на 33. кат) и не сакал да допира туѓа коса.

Награди, признанија, патенти

Никола Тесла добил 15 почесни докторати, а единицата за магнетна индукција го добила името тесла во негова чест. Зборуваше 8 јазици и беше многу елегантен, па постојано беше прогласуван за најдобро облечен маж на Петтата авенија во Њујорк.

Извор: Klik.hr
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот