X
 06.11.2025 Живот

Кога уметноста бара жртва: Тајната на песната „Добро јутро“ на Бора Ѓорѓевиќ

Бора Ѓорѓевиќ, легендарниот фронтмен на групата „Рибља чорба“, чиј препознатлив глас, поетичност и бунтовен дух оставија длабок белег врз генерации љубители на рок-музиката, е незаборавна фигура на сцената. Особено се издвојуваат приказните за настанувањето на неговите песни, кои често откриваат колку длабоко тој го доживувал уметничкиот процес.

Една таква приказна се врзува за безвремената балада „Добро јутро“, песна која и денес предизвикува силни емоции и носталгични сеќавања.

Бора Ѓорѓевиќ бил уметник кој не прифаќал компромиси кога станувало збор за автентичноста. Сакал секоја нота, секој збор и секој здив во неговите песни да дишат со живот. Тоа најмногу се гледа во неговиот вокал во „Добро јутро“, кој требало да го пренесе чувството на исцрпеност и меланхолија. Како што самиот Бора подоцна раскажа во едно интервју, патот до тој „уморен“ глас бил сè само не обичен.

 

- Продуцентот, Англичанецот Џон Мекој, беше во Белград, го снимавме албумот „Бувља пијаца“. Му реков: „Еј, слушај, утре ја снимаме само таа песна“ - се присетува во една пригода Ѓорѓевиќ. Тој сакал да создаде вокал кој совршено ќе ја долови состојбата на духот што ја опишува песната. За тоа бил потребен вистински, природно уморен глас, нешто што не може едноставно да се „одглуми“.

Во својата потрага по совршенство, Бора прибегнал кон неконвенционален метод: неспиење.

- Дојдов во студио и реков дека денес ја снимам само таа песна - раскажува Бора. За да му звучи гласот исцрпено, не спиел цела ноќ.

- Ја отпеав, ама не бев доволно уморен - раскажува тој, сфаќајќи дека една непроспиена ноќ не била доволна за да го добие посакуваниот ефект.

Уметничката визија не му дозволувала да се откаже. Се вратил дома и не спиел уште една ноќ. По две непроспиени ноќи, неговиот глас конечно го достигнал вистинското ниво на замор и тежина.

- Е, по две непроспиени ноќи, гласот ми беше баш како што требаше да звучи - вели Бора Ѓорѓевиќ.

Резултатот е токму она што го слушаме во песната „Добро јутро“ - вокал исполнет со искрен умор и емотивна тежина.

Извор: Nezavisne.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот