X
 09.07.2023 Живот

Другата страна на песните од цртаните на „Дизни“

Музиката отсекогаш била вистинскиот клуч за волшебното царство.

Пред околу еден век Волт Дизни му го претстави музичкиот етос на својот тим: „Треба да воспоставиме нов образец, нов начин на користење на музиката - да ја вткаеме во приказната“.

Се чини дека музиката на Дизни е вткаена во нашите сопствени животни приказни; неговиот бесконечен репертоар се вовлекува во нашата свест уште од бебиња; ни фрла магија во текот на нашата зрелост и стана безвремена.

И додека Дизни слави стогодишнина, невозможно е да се опфати целото негово музичко наследство во само еден репертоар. Еднаш кога ќе ве погоди песна од дизни-филм, никогаш не ве остава.

Во продолжение е селекција на мрачните страни и неочекуваната заднина на дизни-песните досега.

1. „Снежана и седумте џуџиња“, 1937 година - „Someday My Prince Will Come“




Првиот долгометражен анимиран филм содржи неколку хит-мелодии. Но, оваа балада ја зацврстува врската на публиката со Снежана. За жал, таа исто така, трајно ја врза гласовната актерка Адријана Каселоти за улогата и наводно не ѝ било дозволено да глуми на ниедно друго место.

Песната доби и своја џез-верзија, а во 1943 година беше изведена во концентрациониот логор Терезиенштат од групата позната како „Гето свингери“.

2. „Скитникот и Дамата“, 1955 година - „The Siamese Cat Song“




Кратка, но незаборавно извртена песна испеана на лош англиски од американската ѕвезда Пеги Ли.

Поминаа неколку години пред да се посочат расните стереотипи во песната, па таа беше заменета во играната верзија на „Скитникот и Дамата“ (2019) со грациозната „What a Shame“.

3. „Мачки од високото друштво“, 1970 година - „Everybody Wants to be a Cat“




Наводно Луис Армстронг добил покана да ја сними музиката за овој цртан филм, но одбил затоа што бил болен. Влијанието на Армстронг дефинитивно се чувствува во оваа разиграна џез-песна од музичарот Скејтмен Кротерс.

Атмосферата е бизарно нарушена со додавање еден азиски стереотип (сијамската мачка Шун Гон, која свири на пијано со стапчиња за јадење).

4. „Аладин“, 1992 година - „Arabian nights“




Оваа фантастична приказна, крунисана со многу награди, започнува со ориентална песна која предизвика протести од страна на групите за антидискриминација.

- Песната оцрни цела нација. Стиховите и редоследот на сцените ги информираат луѓето дека Арапите не се како нас, туку се простаци - напиша Џек Г.Шахин.

По објавувањето, Дизни смени два стиха кои го опишуваа арапскиот амбиент („Каде што ти го отсекуваат увото / Ако не им се допадне вашето лице“), но проблематичниот стих останал: „Варварско е, но еј, тоа е мојот дом“.

5. „Снежно кралство“, 2013 - „Do You Want to Build a Snowman?“



Оваа моќна песна првично се сметаше за премногу мрачна за „Снежно кралство“, но на крајот стана омилена.

Исто така, ја покажа наклонетоста на писателскиот тандем Кристен Андерсон-Лопез и Роберт Лопез кон необични миксови: од филмски теми до медитации за смртноста.

- Секоја генерација учи за различен вид човечко искуство. Студирав психологија и драматургија; на раскажувањето му пристапив со сето тоа знаење за истражување на срамот што се случува кога се затвора вратата за комуникација, клинички начини за извлекување на семејството од криза - вели Кристен Андерсон-Лопез.

6. „Енканто“, 2021 година - „We Don't Talk About Bruno“




Дизни традиционално ги преведува своите хитови за различни земји, со зголемено внимание на деталите, објаснува историчарот и музичар Александар Рени.

- Тие дури и понекогаш повторно анимираат одредени делови за различни земји, за да се уверат дека шегата функционира, па прават одделни синхронизации за европски, португалски и бразилски - додава тој.
Така, најголемата химна на „Енканто“ е преведена на 21 јазик, вклучително и англиски, шпански, унгарски, холандски, корејски, тајландски и многу други јазици.

Извор: BBC
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот