„Брејн HQ“ (Brain HQ) е онлајн програма за тренинг на мозокот развиена врз основа на 30 години истражување во невронауката и невропластичноста. Преку серија игри дизајнирани да тренираат внимание, брзина на обработка, меморија, способност за донесување одлуки и социјални вештини, „Брејн HQ“ активно ги стимулира процесите во мозокот кои природно се намалуваат со возраста, според нејзините креатори од американската биотехнолошка компанија „Посит сајенс корпорејшн“. Тешкотијата и сложеноста на вежбите постојано се приспособуваат на резултатите на корисникот, со што континуирано се стимулира и се подобрува мозокот.
Најновата клиничка студија од истражувачите на Универзитетот „Мекгил“ во Канада покажала дека десет недели дневна употреба на апликацијата кај постари лица навистина ја обновува активноста на холинергичниот систем, кој е клучен за учење и меморија, и ја враќа на нивоа слични на оние кај луѓето десет години помлади.
Цел: тренинг на мозокот
Технолошки, програмата користи софистициран софтвер, лесен за користење, базиран на принципите на невропластичност, што овозможува ефикасен и насочен тренинг на мозокот преку предизвикувачки, но достапни дигитални игри. Апликацијата може да се користи на компјутери и мобилни уреди, со можност за персонализирање на вашиот план за тренинг и следење на вашиот напредок.
Апликацијата моментално е достапна за купување преку месечни и годишни претплати, а прелиминарните докази сугерираат дека програмата навистина може да влијае врз мозокот и дека овие промени би можеле да бидат корисни. Сепак, независни експерти предупредуваат дека сè уште не е познато дали овие промени се трајни или само привремени.
Извор: bug.hr
Фото: YouTube screenshot