X
 06.12.2021 Култура

Актерката Наталија Теодосиева доби две нови награди за улогата во „Врба“

Македонската актерка Наталија Теодосиева продолжува да освојува награди - викендов се закити со признанија на два различни филмски фестивали за нејзината улога во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски. Теодосиева во саботата доби награда за најдобра главна женска улога во „Врба“ на интернационалниот филмски фестивал за независни филмови, „Across the globe“, а еден ден подоцна доби награда и за најдобра споредна улога на фестивалот во Атина на „Маратонскиот филмски фестивал“.

„Врба“ на Манчевски имаше светска премиера на Римскиот фестивал 2019 година, а беше прикажан на 30 меѓународни фестивали. Добитник е на пет награди – најдобра режија на Рејнденс во Лондон, најдобар филм на Синеквест во Калифорнија, „Сребрена палма“ во Валенсија. Европската филмска академија го вброи во потесниот избор на филмови за награда во 2020 година, а беше кандидат и за „Оскар“.

фото; Борче Поповски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура