X
 15.05.2016 Образование

Јапонска градинка која децата ги поврзува со природата

Градинката „AM“ во јапонскиот град Акуне, е изградена на неколку стотини метри од живописно крајбрежје.

 

1


Напуштеното земјиште според организаторите на проектот беше идеално место за изградба на предучилишна установа, бидејќи им дава можност на децата цел ден да престојуваат во природно опкружување. Поради близината на морето и безбедноста на децата, архитектите го подигнале нивото на подот во градинката, па така децата се сместени во средната зона на зградата.

Другите области се проектирани на различни височини, поврзани се со 10 скали, 3 тобогани и други спортски помагала. Децата можат да се качуваат по скалите или со јаже или со лизгање на тобоганот. Ваквата организација на просторот поттикнува физички развој кај децата, ги мотивира на физичка активност и заемна помош.

 

Линк до галеријата.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование