X
 07.02.2023 Технологија

„Гугл“ работи на софтвер кој ќе биде конкуренција на „Чет ГПТ“

Софтверот што користи вештачка интелигенција за пребарување и пишување „Чет ГПТ“ наскоро ќе добие конкуренција. „Гугл“ работи на сличен софтвер наречен „Бард“, според објава од главниот извршен директор на компанијата, Сундар Пичаи.

Алатката ќе биде развиена врз основа на модел за вештачка интелигенција на компанијата. Според сознанија на медиумите, Пичаи ги алармирал вработените кон крајот на минатата година за големата популарност на „Чет ГПТ“.

- „Бард“ може да биде алатка за креативност и платформа за љубопитност, да ви помага да му ги објасните новите откритија од вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ на НАСА на деветгодишно дете или да научите повеќе за најдобрите фудбалски напаѓачи во моментов, а потоа да добиете вежби за развивање на вашите вештини - стои во објавата на Пичаи.

„Гугл“ неодамна отпушти околу 12.000 работници за да ги зголеми инвестициите во вештачката интелигенција.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија