X
 07.02.2025 Живот

Додека Трамп се подготвува за преземање на Гренланд, Данска се вооружа со 750.000 пара волнени чорапи

Данската војска склучи договор вреден најмалку 4 милиони евра за набавка на 750.000 пара волнени чорапи, при што најтоплите модели ќе бидат наменети за екстремните зимски услови на Гренланд.

Оваа набавка е дел од стандардната воена опрема, но со оглед на неодамнешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, некои ја толкуваат како суптилен одговор на неговите амбиции за Гренланд.

Трамп претходно изјави дека САД мора да ја преземат контролата врз островот, нарекувајќи го потегот апсолутна неопходност. Тој предупреди на зголемениот кинески интерес за регионот и потенцираше дека Гренланд изобилува со природни ресурси и не ја исклучи ниту можноста за воена интервенција со цел САД да ја преземат територијата која официјално му припаѓа на Кралството Данска.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се обиде да ги смири тензиите со предлог Алијансата да преземе поголема одговорност за безбедноста во арктичкиот регион, вклучително и зголемување на присуството на НАТО-трупи во областа, каде што веќе има американски војници.

Во меѓувреме, данската премиерка Мете Фредериксен интензивно лобира низ европските престолнини барајќи дипломатска поддршка против територијалните амбиции на претседателот Трамп.

Минатиот месец Данска објави план за инвестирање околу 2 милијарди евра во зајакнување на своите одбранбени капацитети на Арктикот, регион кој сè повеќе станува геополитички фокус на големите сили.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот