Француската влада планира да воведе данок од 3 отсто на француските приходи на светските гиганти како „Гугл“, „Амазон“ и „Фејсбук“.
Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го претстави предлог-законот на редовниот состанок на владата пред да биде проследен до парламентот.
Според предлогот, данокот се воведува за дигиталните компании со светски обрт од најмалку 750 милиони евра, вклучувајќи го и приходот во Франција, кој надминува 25 милиони евра.
Ле Мер истакна дека со ова ќе бидат погодени околу 30 компании, чии седишта претежно се во САД, но и во Кина и во Европа. Според неговите процени, со ова годишно ќе се собираат околу 500 милиони евра.
Франција одлучи да го воведе овој данок откако сличен предлог на ниво на ЕУ не доби едногласна поддршка од земјите-членки на
Унијата.