„Црвена јабука“ е сараевски бенд кој има многу хитови, но замислете само како ќе звучеше неговиот репертоар доколку ја отсвиреше песната „Мјесто за двоје“, како што првично било планирано.
Гостувајќи во поткастот „Ејџлест“, Дино Шаран, фронтменот на групата „Лету штеке“, откри интересна приказна за настанувањето на еден од неговите најголеми хитови - „Мјесто за двоје“. Песната, која денес е неизбежна на свадби и на емотивни плејлисти, за малку ќе завршела кај „Црвена јабука“.
Зошто „Црвена јабука“ ја одби песната?
- Тогаш тие работеа на нов албум, а јас паралелно работев со „Штуке“. Помислив дека песната не е за нас, па му ја понудив на Жера. Но, кога тој го прочита текстот, сфати дека има политичка конотација и ја одби - се присетува Шаран.
Иако песната е љубовна, Дражен Жерич Жера ја прочитал низ призмата на времето во кое сè, особено она што се случувало на аеродромите и патиштата, било под будното око на властите и полицијата. На крајот, песната ја сними „Лету Штуке“ и таа стана безвремен хит.
Денес, вели тој, луѓето често го замолуваат да отпее краток дел од песната. Сепак, животот знае да биде ироничен, па Жера подоцна се покајал што ја одбил песната.
„Мјесто за двоје“ пренесува нежна порака дека дури и кога сè околу нас е напнато и тешко, сепак постои простор за интимност и мир, барем за двајца. Токму во тоа е силата на песната: да се помине низ опасно време, а да се зачуваат топлината и вербата во љубовта.
„Лету штуке“ е сараевски поп-рок бенд основан на почетокот на 21 век, познат по интелигентните текстови и спојот на остра урбана поезија со мелодии што лесно се паметат. Основач и главен автор на песните е Дино Шаран.
Бендот има неколку албуми кои им се допаднаа и на критичарите и на публиката, меѓу кои се „Лету Штуке“, „Протеини и угљикохидрати“ (2008) и „Бројеви рачуна“ (2018).
Неговата музика често се движи меѓу иронија, општествен коментар и искрена емотивност, што го прави еден од најпрепознатливите бендови на регионалната рок-сцена.
Извор:
Citymagazine.danas.rs
Фото: Screenshot/YouTube