X
 13.03.2016 Живот

Кои претседателски кандидати ги поддржуваат познатите личности?

Џејми Ли Кертис, Роберт де Ниро, Денис Родман, Марк Рафало, Сузан Сарандон, Чарли Шин и многу други познати личности застануваат позади оној кандидат за претседател за кој сметаат дека вреди да се поддржи. Еве како тие размислуваат.

 

kandidat


Хилари Клинтон

Клинтон има поддршка од Џејми Ли Куртис, Габи Гифордс, Сабрина Фултон, и „Planned Parenthood“. Овие познати личности се приклучуваат на долгата листа на други познати и ценети личности како Бијонсе, Лина Данам, Меџик Џонсон и Кејти Пери. Еве што тие велат за Клинтон:

„Апсолутно ќе се прободам со ноже во окото ако се разбудам после изборите и еден од републиканските кандидати е претседател“, Џејми Ли Кертис

„Мислам дека си ги исплати долговите. Ќе нема изненадувања, а таа го заслужи правото да биде претседател и глава на земјата во овој момент. Толку едноставно е. И таа е жена, што е многу важно бидејќи нејзиниот став е она што ни е потребно сега“, Роберт де Ниро

„Марк и јас сме горди што ја поддржуваме Хилари и стоиме рамо до рамо со неа и заедно го уништуваме лобито кое корпоративниот пиштол го имаше врз американската политика и американските семества предолго време“, Габи Гифордс

„На зголемената генерација на млади луѓе потребен им е претседател кој ќе му се спротистави на неактивноста на републиканците. Верувам дека тоа е Хилари Клинтон“, Сабрина Фултон.

Берни Сандерс

Сандерс стекнува поддржувачи, а од неодамна му се приклучија и Сарља Силверман и Сузан Сарандон. Претходно го поддржуваа Вил Фарел, Џон Си Рајли, Езра Милер, Белинда Карлајл и Бони Раит. Што тие велат за Сандерс?

„Навредливо е за жените да мислат дека треба да следат кандидат само затоа што е жена. Тоа е толку погрешно“, Сузан Сарандон

„Го обожавам Сандерс. Тој го кажува она што го мисли и го мисли она што го кажува“, Сара Силверман

„Мислам дека Сандерс има порака. Тој е вистинскиот“, Марк Рафало

„Како и да гласате, Берни Сандерс е навистина одличен. Јасен е и гласен кога станува збор за важни прашања“, Миа Фароу

„Берни Сандерс... ти си нашата единствена надеж Оби-Ван Кеноби“, Дени Девито

Доналд Трамп

Доналд Трамп има доста поддржувачи меѓу познатите личности како Мајк Тајсон, Хулк Хоган, Денис Родман, Чарли Шин, Тед Нуџент, Вејн Њутн итн. Еве што тие велат за Трамп:

„Тој треба да биде претседател на Америка“, Мајк Тајсон

„Трамп ќе биде одличен претседател бидејќи тој не е политичар и не му е грижа што луѓето мислат“, Стивен Болдвин

„Може да ја промени земјата после изминативе осум години“, Гари Бусеј

„Не ни е потребен уште еден политичар, потребен ни е бизнисмен како Трамп“, Денис Родман

„Се надевам дека Доналд ќе оди до крај“, Лу Феригно

„Јас сум огромен поддржувач на Доналд“, Тила Текила

„Мислам дека тој има вистински оган да ја направи Америка повторно да биде одлична и веројатно да го направи тоа на вистинскиот начин“, Мајк Дитка

Трамп исто така доби поддршка од претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Тој е доста енергичен човек, и талентиран без сомнение. Тој вели дека сака да достигне друго ниво на односи - поблиски, подлабоки односи со РУсија. како да не го поздравиме тоа? Се разбира, ние го поздравуваме!“, Владимир Путин
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот