X
 07.09.2021 Живот

Ова е оптималниот број на работни часови дневно

Дали некогаш сте се запрашале кој е оптималниот број на часови што треба да ги работите во текот на денот?

Според истражувањата, продуктивноста значајно се намалува по 50 часа работа неделно, но сепак, 48 отсто од возрасните што работат чувствуваат дека немаат доволно време за сите обврски, а 52 отсто чувствуваат голем стрес поради тоа. Затоа, повеќе компании и држави размислуваат за воведување скратена работна недела.

Но, кој е совршениот број на часови што треба да ги работиме? Експертот за управување со време Лора Вандеркам спровела истражување за да види како бројот на работни часови влијае врз перцепцијата за времето. Таа анализирала 900 лица, а тие работеле во просек 8,3 часа дневно.


Фото: Pixabay

Резултатите покажале дека разликата помеѓу луѓето што чувствувале дека имаат доволно слободно време и оние што го мислеле спротивното е само еден час. Оние што мислеле дека немаат доволно време работеле 8,6 часа дневно, додека оние што чувствувале дека имаат доволно време работеле 7,6 часа дневно.

Тоа е еднакво на 38 часа неделно, блиску до бројот на работни часови во Данска. Во Данска жителите ретко работат повеќе од 37 часа неделно. Оваа земја во последните 8 години е прогласувана за една од земјите со најсреќни жители во светот.

Експертот за среќа Ден Бутнер анализирал истражувања спроведени на над 20 милиони луѓе од целиот свет и спровел истражување во најсреќните земји во светот. Според него, најдобро е да се работи 30-35 часа неделно. Тој препорачува и земање одмор од 6 недели годишно за да се биде среќен.

Извор: Fast Company
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот