Добре дојдовте во „Затворот во мене“, лажен затвор кој се наоѓа на мирните ридови во Хонгчон, Јужна Кореја. Уште од неговото отворање во 2013 година, овој необичен центар привлекува илјадници гости кои сакаат да избегаат од секојдневието.
За разлика од класичните велнес-програми, овој „затвор“ нуди радикално различна детоксикација - тишина, без контакти, со самонаметната дисциплина.
По пристигнувањето, гостите ги предаваат своите мобилни телефони, паметни часовници и сите дигитални уреди. За возврат, добиваат основни средства за во тоалет, како и затворска униформа во сина боја. Пораката е јасна: овде времето не постои - постои само мир.
Ќелиите се едноставни: подлога за јога наместо кревет, чајник, веце без огледало, без книги, без телевизори. Само вие и вашите мисли.
Пред да се заклучи во сопствената ќелија, секој „затвореник“ може да прошета и да учествува во групна медитација. Потоа следува целосна изолација. Оброците се едноставни, им се носат директно во собата и се јадат во тишина. Строго забранет е разговорот со другите затвореници.
Јутјуб-каналот „Yes Theory“ го проба ова искуство и плати 88 долари за 24-часовен престој.
- Штом вратата се затвори, телото едноставно ми се исклучи. Веднаш премина во режим на одмор што очајно му беше потребен - вели еден од учесниците.
Извор:
Prva.rs
Фото: Screenshot/YouTube