Фотографија од менито за свадбената вечера одржана во 1969 година го привлече вниманието на редит-корисниците поради количината и разновидноста на храната што тогаш се служела.
Менито е сочувано од свечената вечера одржана на 18 октомври 1969 година во Цриквеница, во хотелот „Павилионс Ривиера“, односно пансионот „Вила Даница“. Уште на прв поглед е јасно дека не се штедело на гостите.
Вечерата започнувала со сувомесни производи, по што се служела говедска супа со домашни резанци, а потоа и говедски стек во црвено вино. На менито имало и ориз со путер, компири, мешана салата, разни домашни колачи и сезонско овошје.
57 godina star svadbeni meni
by
u/Anketkraft in
kuhinja
Но тоа не било сè. Во продолжение на вечерата се служеле телешко и свинско печење, пилешко со пржени млади компири и вариво од грашок на виенски начин. Гостите можеле да добијат и зелена салата, а за крај следувале свадбена торта и црно кафе.
Посебно внимание привлекува деталот на дното од менито, каде што е наведена сарма со кисела зелка. Значи, дури ни свечената вечера во хотел не можела да помине без еден од омилените домашни специјалитети.
Ниту изборот на пијалаци не бил скромен. Гостите можеле да избираат бело вино од Хвар, различни аперитиви, „Кокта“, „Оранжада“, минерална вода и сода-вода. Денес, кога свадбените прослави често се темелат на неколку внимателно одбрани специјалитети, ваквото мени изгледа речиси неверојатно раскошно и „домаќински“.
Дури и без податок за цената на менито, количината на понудената храна кажува доволно - од предјадењето, супата и неколкуте видови месо, преку колачите, овошјето, тортата и кафето, па сè до сармата.
„Храната звучи божествено“, „Некогаш навистина се јадело“, „Кога ќе ја споредам со денешната храна на свадбите, ми се плаче“, се дел од коментарите.
Извор:
n1.info.hr
Фото:
Reddit