Како си го замислувате животот доколку Југославија сè уште постоеше? Некој се обиде да го долови тоа комбинирајќи географија, економија и доза фантазија „што би било кога би било“.
На „Тик-ток“ неодамна се појави
ВИДЕО со наслов „Што ако Југославија сè уште постоеше“, кое му го привлече вниманието на целиот регион.
Според „анализата“ од видеото, оваа замислена Југославија би имала околу 21,5 милиони жители и би се простирала на дури 255.800 квадратни километри. Со тоа би била една од поголемите европски држави, поголема дури и од Велика Британија.
Економијата, барем на хартија, звучи мошне добро, особено во споредба со сегашната состојба во повеќето поранешни југословенски републики. Вкупниот БДП би изнесувал околу 230 милијарди долари.
Главен град би бил Белград со 1,68 милиони жители, а по него би биле Загреб (800.000), Сараево (420.000), Скопје (410.000) и Љубљана (300.000).
Во денешна Југославија би живееле луѓе од различни вероисповеди, при што проектираниот религиозен мозаик би изгледал вака: 60 отсто православни, 30 отсто католици и 10 отсто муслимани.
Најмногу внимание привлече делот за армијата. Според пресметките на авторот, Југославија би имала дури 150.000 активни војници и 500.000 резервисти.
- Ова би била балканска суперсила! - е еден од коментарите, а реакциите се редеа, некои носталгични, некои духовити, а речиси секоја точка од ова замислено сценарио предизвика посебна дискусија.
На крајот, иако сè ова е само дигитална игра со бројки и фантазија, едно е сигурно: Југославија, и по три децении од распадот, сè уште живее барем како вирална инспирација, предмет на дебати и неисцрпен извор на носталгични сценарија.
Извор:
Nova.rs
Фото: Freepik