X
 07.10.2020 Здравје

Аеродром, Карпош, Центар, Кисела Вода и Гази Баба - општини со најмногу заразени во моментов во Скопје

Министерство за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1.990 тестирања за коронавирус, а регистрирани се 317 нови случаи на Ковид-19

Во општината Аеродром во моментов има 208 регистрирани случаи на заразени со коронавирус во Скопје, во Центар има 210, Карпош е со 180, Кисела Вода со 131 и Гази Баба со 126, покажуваат податоците на Институт за јавно здравје. Скопје е и градот во кој се регистрирани најголем број заразени во последното деноноќие и во кој има најмногу заболени од Ковид-19. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.892.

Министерство за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1.990 тестирања за коронавирус, а регистрирани се 317 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-182, Куманово-12, Дебар-3, Штип-13, Прилеп-5, Тетово-8, Велес-7, Битола-6, Охрид-1, Кавадарци-4, Гостивар-11, Гевгелија-12, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-5, Кочани-18, Валандово-3, Делчево-2, Свети Николе-4, Кичево-4, Ресен-1, Неготино-1 .

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од: Скопје-24, Куманово-12, Штип-3, Прилеп-14, Тетово-8, Струга-3, Велес-3, Битола-5, Кавадарци-2, Гостивар-7, Гевгелија-1, Струмица-4, Радовиш-4, Кочани-6, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-2, Виница-1, Кичево-1.



Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59 години), Струга(65 години), двајца пациенти од Гостивар (71 и 76 години).

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7.724, активни 1.166

• Куманово 1.823, активни 166

• Дебар 290, активни 35

• Штип 1.307, активни 79

• Прилеп 742, активни 138

• Тетово 1.517, активни 168

• Струга 693, активни 42

• Велес 348, активни 36

• Битола 344, активни 78

• Охрид 443, активни 36

• Кавадарци 256, активни 41

• Гостивар 959, активни 68

• Гевгелија 155, активни 57 (10 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 328, активни 185

• Крива Паланка 130, активни 38

• Радовиш 107, активни 35

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 450, активни 183

• Пробиштип 119, активни 17

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 2

• Пехчево 46, активни 3

• Берово 129, активни 47

• Валандово 54, активни 39

• Виница 126, активни 36

• Делчево 175, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 380, активни 57

• Кичево 340, активни 29

• Ресен 167, активни 9

• Неготино 60, активни 12 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје