X
 07.10.2022 Живот

Италијански регион ќе ви плати да го посетите

Постојат италијански села кои продаваат куќи по цена за кафе, места кои ви плаќаат да се преселите таму, а сега и регион што ќе ви плати за да го посетите.

Фурланија-Јулиска Краина, која се наоѓа на крајниот североисток на земјата, ќе им ги надомести патувањата на посетителите доколку патуваат со воз од каде било во Италија. Ако тоа не е доволна причина што ќе ве привлече, регионот ќе ви даде и картичка со која ќе добиете бесплатен влез во музеите, бесплатен јавен превоз и попусти на други места.

1
Фото: Wikipedia

Условот? Мора да останете најмалку две ноќи. Но, тоа и не е некоја голема жртва со оглед на тоа што ќе се најдете во регион каде што има антички град на уметност, планини и некои од најдобрите италијански плажи.

Почнувајќи од 6 октомври до 31 мај 2023 година, „ПромотуризмоФВГ“, локален туристички одбор, ќе ги рефундира домашните билети за воз на патниците кои пристигнуваат во градовите Трст и Удине и во крајбрежните одморалишта Градо и Лињано Сабијадоро, во обид да промовира одржливо патување.

2

Фото: Wikipedia

Посетителите мора да резервираат пакет, вклучувајќи сместување во хотел кој учествува во иницијативата; кога резервирате аранжман за две ноќевања, цената на повратниот билет за воз ќе се одбие како попуст од вкупниот износ. На гостите ќе им биде доделена и бесплатна картичка што овозможува бесплатен влез за музеи и тури со водич.

4
Фото: Wikipedia

Она што треба да го земете предвид: повратните билети мора да бидат до и од една од петте станици: Латисана-Лињано-Бибионе, Сервињано-Аквилеја-Градо, аеродромот во Трст или Удине.

1
Фото: Wikipedia

Исто така, мора да престојувате во еден од хотелите што се пријавиле за иницијативата и да резервирате повеќе од три или пет дена пред патувањето, во зависност од дестинацијата.

Извор: CNN
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот