Шведската Кралска академија на науките денеска им ја додели Нобеловата награда за физика за 2025 година на Џон Кларк, Мичел Деворет и Џон Мартинис од САД за откривањето на макроскопското квантно-механичко тунелирање и кватизацијата на енергијата во електрично коло.
- Големо прашање во физиката е максималната големина на систем кој може да демонстрира квантно-механички ефекти. Годинашните лауреати спроведоа експерименти со електрично коло во кои демонстрираа и квантно-механичко тунелирање и квантизирани енергетски нивоа во систем што е доволно голем да може да се држи в рака - се наведува во соопштението.
Во него се објаснува дека квантната механика овозможува честичките да се движат преку пречки со помош на процес наречен тунелирање. Штом се вклучени голем број честички, ефектите на квантната механика обично стануваат незначителни. Експериментите на лауреатите покажале дека квантно-механичките својства можат да се применат на макроскопско ниво.
Наградата за тројцата лауреати е 11 милиони шведски круни, што е околу 1 милион евра, кои ќе им бидат еднакво поделени.
Извор:
nobelprize.org
Фото: The Nobel Prize (X)