Шведската Кралска академија на науките им ја додели Нобеловата награда за хемија за 2025 година на Сусуму Китагава (Јапонија), Ричард Робсон (Австралија) и Омар Јаги (САД) за развојот на метално-органски рамки.
Лауреатите во хемија за годинава создадоа молекуларни конструкции со големи празнини низ кои може да минуваат гасови и други хемикалии. Овие конструкции, познати како метално-органски рамки, може да се користат за собирање вода од воздухот во пустините, фаќање јаглерод диоксид, складирање отровни гасови или за катализирање хемиски реакции, стои во соопштението.
Наградата за тројцата лауреати е 11 милиони шведски круни, што е околу 1 милион евра, кои ќе им бидат еднакво поделени.
Извор:
nobelprize.org
Фото: The Nobel Prize (X)