X
 17.12.2025 Живот

Ова се 10. најдобри серии во 2025 година

Мистериите отсекогаш биле најдобрата телевизиска мамка. Низ годините се појавија разни жанровски варијанти: мистерија-трилер, мистерија и семејна драма, мистерија и хорор, мистерија и психолошки хорор. Ретки се современите серии што се држат исклучиво до еден жанр. 

Ниту една серија на оваа листа не е само трилер, мистерија, комедија, хорор или драма, туку сите се комбинација од повеќе жанрови.

Листа со најдобрите серии во 2025 година:

10. „Студиото“ (англ. „The Studio“)

 

Мет Ремик, несигурен и некомуникативен, станува нов директор на филмското студио „Континентал студиос“. Тој и неговиот тим мораат да балансираат меѓу корпоративните барања и креативните амбиции додека се обидуваат да го одржат студиото релевантно, а филмовите успешни.

9. „Вонземјанин: Земја“ (англ. „Alien: Earth“)

 

Во 2120 година Земјата ја контролираат пет мегакорпорации: „Продиџи“, „Вејленд-јутани“, „Линч“, „Дајнемик“и „Трешхолд“. Киборзи и синтетички суштества живеат заедно со луѓето. Сè се менува кога корпорацијата „Продиџи“ открива хибриди, па започнува нова ера во трката по бесмртност.

8. „Умирајќи од задоволство“ (англ. „Dying for Sex“)

 

Откако Моли Кочан добива дијагноза за рак на дојка во четврти стадиум со метастази, одлучува да го напушти сопругот и првпат во животот да ја истражува комплексноста на своите сексуални желби.

7. „Ѕверот во мене“ (англ. „The Beast in Me“)

 

Авторката на хит-романи, Еги Вигс, се повлекува од јавноста по смртта на нејзиниот син. Пишувањето нова книга станува сè потешко, но неочекувано наоѓа инспирација откако ќе ја посети новиот сосед Најл Џарвис.

6. „Специјален тим“ (англ. „Task“)

 

Агент во ФБИ со седиште во Филаделфија предводи оперативна група која истражува серија насилни кражби во работничките предградија.

5. „Интензивна нега: Питсбург“ (англ. „The Pitt“)

 

Реалистичен приказ на предизвиците со кои се соочуваат здравствените работници во Америка, преку приказната за хероите од првиот ред кои работат во болница во Питсбург.

4. „Фондацијата“ (3. сезона) (англ. „The Foundation“)

 

Базирана на романите на Исак Асимов, серијата ја следи судбината на луѓето расфрлани по планети низ галаксијата, кои живеат под власта на Галактичкото Царство. Д-р Хари Селдон и неговите следбеници се обидуваат да ја зачуваат својата култура додека галаксијата се распаѓа околу нив.

3. „Раздвојување“ (2. сезона) (англ. „Severance“)

 

Приказната за чип кој го разделува приватниот и работниот живот добива мрачен и комичен пресврт како што се разоткрива мистеријата околу компанијата „Лумон“.

2. „Адолесценција“ (англ. „Adolescence“)

 

Џејми Милер ја убива својата соученичка. Наместо голема мистерија, режисерот Филип Барентини ве затвора во просторија со луѓе кои го преживуваат најлошиот ден во животот.

1. „Плурибус“ (англ. „Pluribus“)

 

По необичен феномен кој ја погодува Земјата, Керол останува најнесреќната личност на планетата. Нејзина мисија е да го спаси светот од среќа.

Извор: Nova.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот