X
 04.09.2025 Живот

Ова се добитниците на „Инженерски прстен“ за годинава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера им додели „Инженерски прстен“ на 14 најуспешни студенти, дипломци за годинава на инженерски факултети во рамките на универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Гоце Делчев“ во Штип и Државниот универзитет во Тетово.

Свечената церемонија се одржа на платото пред црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид.

Добитници на „Инженерски прстен 2025“ од УКИМ годинава се:

-Фросина Станковска – Архитектонски факултет;
-Марко Ѓорѓиоски – Градежен факултет;
-Харитина Сакова – Машински факултет;
-Васка Зарковска – Технолошко-металуршки факултет;
-Сара Ацковска – Факултет за земјоделски науки и храна;
-Димитар Пешевски – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство;
-Кирил Христовски – Природно-математички факултет;
-Теа Костадинова – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер;
-Рената Павлеска – Факултет за електротехника и информациски технологии.

Наградени студенти од УКЛО – Битола се:

-Катерина Стојкоска – Технички факултет и
-Софи Гајтановска – Факултет за информатички и компјутерски технологии.

Од УГД Штип, носители на наградата се:

-Сара Панева – Факултет за природни и технички науки и
-Бојана Тасева – Факултет за информатика.

Од ДУТ признанието го доби Гзим Дервиши – Факултет за применети науки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот