Стен Ли беше фасцинантна личност со неверојатна имагинација. Со децении беше најпознат во светот на стриповите, а неговите ликови почнаа да добиваат и филмски верзии на почетокот од овој век.
Затоа, многу обожаватели ќе бидат воодушевени од веста дека на „Дизни плус“ ќе пристигне документарен филм за Ли. Засега не е познат датумот, но се знае дека тоа ќе биде во текот на 2023 година. Во продолжение погледнете го трејлерот.
Извор:
Idesh
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)