X
 03.10.2023 Култура

Документарен филм за сомнително убиство на „Нетфликс“ ги шокира гледачите

Криминалистичкиот документарен филм „Мраз ладно: убиство, кафе и Џесика Вонгсо“ (Ice Cold: Murder, Coffee and Jessica Wongso) е нов хит на „Нетфликс“. Љубителите на крими-приказни засновани на вистински настани споделија добри критики за филмот на социјалните мрежи.

Документарниот филм, објавен на платформата минатата недела, се фокусира на смртта на 27-годишната Мирна Салихин во 2016 година, која почина откако се сретна со нејзината пријателка Џесика Вонгсо на кафе во Џакарта, Индонезија.

Се смета дека Вонгсо ја отрула другарка си, но филмот навлегува длабоко во случајот и го поставува прашањето дали Вонгсо е вистинскиот виновник или влијанието на социјалните мрежи испрати невина личност в затвор?

Новиот документарен филм ја преиспитува шокантната приказна преку оригинални интервјуа со семејството на убиената девојка, адвокатите и други вклучени лица, како и интервју со обвинетата.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура