X
 08.02.2019 Технологија

„Скајп“ воведува функција што ќе им се допадне на мрзливите

Ова е добра вест за сите мрзливи: веќе не мора да се мачите да ја средувате собата или канцеларијата пред важен видеоповик на „Скајп“. Сервисот воведува заматени заднини за да можете да го скриете хаосот во вашиот дом.

Според најавите од „Скајп“, новата функција работи како онаа на „Мајкрософт Тимс“, која беше воведена во септември. Од „Скајп“ истакнуваат дека функцијата се потпира на вештачка интелигенција за да детектира коса и раце за да ве идентификува и да замати сè друго околу вас - нешто како опциите за правење портрет на модерните паметни телефони.

За да ја активирате функцијата, треба да одите до иконата за видеоповик и да селектирате „blur my background”. На тој начин би требало суптилно да биде маскирана вашата околина додека вие треба да бидете оставени во фокусот. Сепак, не опуштајте се толку брзо. Заматената заднина е достапна за оние што ја имаат најновата верзија на „Скајп“, но функцијата сè уште е некако експериментална.

Исто така, крајот на соопштението од „Скајп“ обесхрабрува малку.

- Даваме сè од себе да се осигуриме дека вашата заднина е секогаш заматена, но не можеме да гарантираме дека секогаш ќе биде заматена - наведено е на крајот од соопштението.  
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија