X
 08.03.2019 Економија

Каде живеат најбогатите луѓе на светот и на што го трошат своето богатство?

Околу половина од најбогатото население во светот, и покрај многубројните недвижности, постојано живеалиште има регистрирано во десет града низ светот.

Според најновите податоци, најмногу богаташи, чие богатство изнесува најмалку 42 милиона долари, живеат во Лондон, Токио и Сингапур, додека Њујорк е единствениот американски град кој се најде меѓу првите.

Сепак, најголемата концентрација на ултрабогати луѓе сè уште е во главните градови. Причината за тоа е погодностите што ги нудат тие градови, како што се бизнис-можностите, животните навики и потреби, добро развиениот здравствен и превозен систем.

Колку сите тие фактори се важни за светската елита, покажа Лондон, кој, според истражувањето, ги задоволил сите критериуми и моментално во тој град живеат помалку од 5.000 ултрабогати луѓе.

- Лондон е навистина посебен. Не постои ниеден друг град во кој се сконцентрирани толку многу богаташи од различни бизнис-сектори - истакнува аналитичарот Лијам Бејли.


Инаку, на светот има околу 200.000 ултрабогати лица, од кои две третини живеат во азиските, европските метрополи и во градовите во Северна Америка.

Кога станува збор за трошењето на богатството, најголем дел од парите богаташите ги трошат на скапоцени и луксузни нешта. Така, на врвот на листата се најдоа ретките видови виски и автомобили, додека уметничките дела, накитот и дијамантите се најдоа подолу на листата.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија