X
 27.06.2018 Живот

Најголемите суперјахти што моментално пловат на Јадранот

Секое лето на хрватскиот дел од Јадранот со својата јахта доаѓа барем еден богаташ од светски размери; некогаш тоа бил Роман Абрамовиќ, другпат катарскиот емир Ал-Тхани.

Моментално ова се најлуксузните јахти што пловат на Јадранот.

„Инсигнија“

1
Фото: yachtcharterfleet.com


Јахтата е со должина од 55,6 метри, ширина 8,8 метри и тежина од 456 тона. Може да развие максимална брзина од 26 километри на час. Одморот на оваа јахта чини 179.000 долари. Јахтата била изградена во Германија во Елсфлетер Верфт во 2004 година и била повторно реновирана во Атина минатата година. Со неа управуваат 13 члена на екипажот, а во седумте кабини можат да бидат сместени 12 гости. Едната од кабините е „Мастер“, а другата ВИП.

„Џојме“

2
Фото: yachtcharterfleet.com


Оваа јахта е долга 49,91 метри, широка 9,18 метри, и во неа може да се сместат 12 гости во 6 кабини. Со јахтата управува екипаж составен од 11 члена. Таа може да плови со брзина до 30 километри на час. Била изградена во 2011 година, а интересно е тоа што може да се изнајми само налето, по основна цена од 139.000 евра.

„Атлантик Гус“

јахта
Фото: yachtcharterfleet.com


Оваа суперлуксузна јахта била изградена во 2000 година, а дополнително реновирана во 2011 година. Долга е 45 метри, широка 8 метри и тежи 352 тони. Најголемата брзина што може да ја развие е 22 километри на час. Има пет кабини, може да се сместат 10 гости и уште толку членови на екипажот. Јахтата може да се изнајми и налето и назима, а цената се движи околу 90.000 евра неделно, плус дополнителни трошоци.

„Хармони III“

jahti
Фото: yachtcharterfleet.com


Најмала од сите три, со должина од „само“ 43,6 метри, оваа јахта има иста брзина како „Инсигнија“, до 30 километри на час. Широка е 9,4 метри и во неа можат да се сместат 10 гости, со 9 члена од екипажот. Од петте кабини што се на располагање, една е „мастер“. Била изградена од Бенети во 2009 година, а за да ја изнајмите, треба да одделите 160.000 евра неделно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот