X
 08.06.2018 Живот

Почина Ентони Бордејн

Познатиот американски готвач, писател и телевизиска ѕвезда Ентони Бордејн беше пронајден мртов во неговата хотелска соба. Првичните сомнежи се дека 61-годишниот Бордејн се самоубил.

Познатиот шеф беше во Стразбур, Франција, каде работеше на снимање на неговата серија „Непознати предели“, која се емитуваше на Си-ен-ен.

-Со голема тага ја потврдуваме смртта на нашиот пријател и колега, Ентони Бордејн. Неговата љубов кон големите авантури, нови пријатели, убава храна и пијалоции и извонредни приказни за светот го направија единствен раскажувач. Неговите таленти никогаш не прекинаа да не воодушевуваат и многу ќе ни недостига. Нашите мисли и молитви во овие многу тешки моменти се со неговата ќерка и фамилија - истакнаа од Си-ен-ен.

Бордејн беше и автор на книги за храна и научна литература.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот