X
 08.07.2023 Живот

Очи в очи со фотографот - погледнете ги овие фотографии од животни

Професионалниот фотограф и кинематографер Шаз Јунг сподели вирално видео кое го прикажува застрашувачкиот и хипнотизирачки момент кога леопард го забележува во џунглата.

Јунг смета дека фотографот никогаш не е сам во џунглата и дека животните секогаш го набљудуваат.

Во неговата моќна фотосерија „Џунглата гледа“, Јунг ги прикажува животните додека го гледаат објективот на неговиот фотоапарат и остваруваат директен контакт со очите со него.

- Оваа серија е инспирирана од вистинската суштина на џунглата. Длабоко во своите далечни одаи, во лавиринтите од дрвја, џунглата е жива и секогаш ве набљудува. Поминав години во џунглата и секогаш имам такво чувство дека знам дека ме гледаат. Тоа обично се случува по зајдисонце, кога џунглата молчи. Тогаш знаеш дека не си сам - вели тој.

1

2

3

4

5

6

Извор: Petapixel.com
Фото: Shaaz Jung
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот