Мозокот е интересен и мистериозен орган кој контролира се` што прави телото. Животинските мозоци се разликуваат од човечките. Некои животни имаат интересни и многу чудни мозоци, како овие.
Мозокот на пајаците се шири до нивните нозе
Мозокот на пајаците е голем во однос на остатокот од нивното тело и тие се простираат дури до нозете. Централниот нервен систем на најмалите пајаци во светот сочинуваат 80% од телото.
Пијавиците имаат 32 мозоци
За нас, пијавиците се страшни и опасни. Но, овие суштества се и фасцинантни. Тие имаат пет пара очи, 300 заби и 32 мозоци. Технички, тие имаат еден мозок составен од 32 видови.
Џиновската лигња јаде низ мозокот
Џиновската лигња мора да ја џвака храната во релативно мали делови бидејќи откако ја голтне, храната поминува низ мозокот, кој е релативно мал во однос на телото.
Зомби мравки со габи на мозокот
Еден вид габа го инфицира инсектот и го претвора во зомби, со што манипулира со неговото однесување за да се размножува. Габата расте во мозокот на мравката.
Мали оси со најмали нервни системи
Малите оси Megaphragma mymaripenne се помали од едноклеточната амеба. Истражувачите откриле дека оваа оса го има еден од најмалите нервни системи од сите инсекти.
Морски суштества кои го јадат својот мозок
Овие суштества кои живеат во коралите се хермафродитични и наликуваат на ларви. Тие имаат исти анатомски карактеристики како и рибата, птицити, рептилите и цицачите, но како што растат го губат умот - буквално. Тие го дигестираат својот мозок бидејќи не им е потребен откако станат неподвижни.
Клукајдрвците имаат шуплини во нивните черепи
Клукајдрвците имаат механизам за заштита од оштетување. Во нивните черепи има воздушни шуплини кои ги заштитутваат од оштетување на черепот за време на клукањето.
Кавалерскиот шпаниел на кралот Чарлс има мозок поголем од черепот
Оваа мала раса на кучиња станува познато домашно милениче, и покрај фактот дека мозокот на кучето е поголем од неговиот череп. Ова се јавува кај една третина од сите кучиња од оваа раса.
Враната е попаметна од повеќето цицачи
Враните, гавраните, чавките и страчките се попаметни отколку што мислиме. Тие имаат одлично помнење и може да користат алатки.
Делфините имаат поголеми мозоци од нас
Поради големината, делфините се способни да помнат, препознаваат и решаваат проблеми, со што се најблиску до интелигенцијата на луѓето од сите животни.
И луѓето имаат неверојатни мозоци
И луѓето се животни и нашите мозоци се прилично неверојатни. Мозокот на човекот користи 20% од целосното количество кислород во нашето тело, може да преработуваат информации со еквивалентна брзина од 430 километри на час и може да живеат без кислород до 6 минути.