X
 08.08.2017 Живот

Како реагирал Стив Џобс на навреди

Живееме во свет каде што навредата се претвори во оружје по избор. Оние со кои се натпреваруваме ја користат навредата за да нè отфрлат од играта, а некогаш и оние за кои се грижиме ја употребуваат кога се чувствуваат загрозени. Сепак, навредите се тука за да повредат, а не да помогнат.

Како да одговорите кога некој ќе ве навреди?

Како одговор на ова прашање има еден одличен пример од еден од основачите на „Епл“, Стив Џобс.

Тој во 1997 година одговарал на прашања на конференција кога некој од публиката му рекол: „Господине Џобс, вие сте паметен и влијателен човек. Тажно е и јасно дека вие не знаете за што зборувате. Би сакал да се изразите со појасни термини како Јава ги адресира идеите вметнати во OpenDoc. Кога ќе завршите со тоа, можеби би ни кажале што правевте лично изминатите 7 години“.

За многумина, јавниот напад е вџашувачки. Но, одговорот на Џобс е одлична демонстрација на тоа како да постапите во ваков случај.

Тој направил пауза, стоејќи во тишина. И размислил. Се напил вода и рекол: „Знаете, можете да задоволите дел од луѓето некое време, но....“, повторно прави пауза од 8 секунди, која е многу важна за да ги контролира емоциите. „Како тоа се вклопува во најголемата визија, тоа ќе ви дозволи да продадете 8 милијарди долари, 10 милијарди долари за производ годишно? Мора да започнете со искуството на клиентот и да работите на технологијата. Можете да започнете и со технологијата и да се обидете да сфатите каде ќе се обидувате да ја продавате. Можеби сум направил поголема грешка од кој било во оваа соба. И имам лузна за да го докажам тоа.“

Џобс ја објаснува својата визија и ги користи своите знаења за да го утврди својот кредибилитет.

„Има голема група луѓе што одлично работат во компанијата“. Тој ги потенцира успесите и на другите луѓе и застанува зад својот тим, односно ги уважува.

„Ќе се прават некои грешки. И тоа е добро. Затоа што со тоа се донесуваат и одлуки. Ќе ги пронајдеме грешките и ќе ги поправиме. Некои луѓе нема да знаат за што зборуваат, но мислам дека тоа е многу подобро од она што било порано“, рекол Џобс, по што добил аплауз.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот