X
 08.08.2025 Образование

УКЛО КОЛОРС – Универзитетска летна пракса што ги отвора вратите кон реалниот свет

Во сезоната на годишни одмори шеесетина студенти од УКЛО го користат времето на најдобар можен начин, со учество во „Универзитетска летна пракса“, програма што трета година по ред се реализира во партнерство со Општина Битола, а од годинава и со Општина Прилеп и КРЕДО центарот при УКЛО.

УЛП е можност студентите да добијат директен увид во начинот на работа на локалните институции и јавните претпријатија. Реално, токму таму се случуваат нештата што го движат секојдневието, па зошто студентите да не бидат дел од тоа? Станува збор за млади луѓе кои на овој начин ја пронаоѓаат својата професионална насока, Универзитетската летна пракса е свовиден процес на трансформација:

„Не само што учев, туку се чувствував како да припаѓам таму.“

„Летната пракса е одлична можност да ја споиме теоријата со практични знаења и вештини, со помош на професионалци и лица кои имаат големо искуство“.

1

„Ваквата можност за пракса ја сметам за соодветна за моето сегашно и идно стручно усовршување. Таа е начин да видиме како навистина теоријата изгледа во праксата – нешто што и професорите го бараат од нас, а и ние самите сакаме: да учиме преку реални примери.“

 „Апсолутно сум задоволна од мојот ангажман во рамките на УЛП. Се стекнав со работно искуство и запознав луѓе кои несебично го споделија своето знаење со мене. На идните учесници им препорачувам: искористете ја оваа можност!“

Овие размислувања се доволно впечатливи и говорат дека за студентите УЛП не е само обична пракса, тоа е процес што им ги отвора вратите кон реалниот свет. Секој студент добива и месечен нето-надоместок во висина од 10.000 денари, обезбеден од соодветната општина. Во текот на јули, август и септември, студентите ротираат низ јавните институции, во период кога најголем дел од администрацијата е на годишен одмор, но тука се студентите, со својата енергија, иницијативност и желба за учење.

1

Проф. д-р Јасмина Буневска Талевска, проректорка за студентски работи, и еден од клучните носители на оваа и вакви активности, со задоволство посочува дека универзитетската летна пракса е вистинска можност за задржување на студентите во земјата и во текот на летниот период – студентите остануваат дома, но сепак прават голем чекор напред. Се вклучуваат во работниот процес, учат „однатре“, ги применуваат знаењата што ги добиле од наставата. За институциите, тоа е поддршка кога им е најпотребна, а за студентите – реално искуство. Овие ставови, кои силно се поддржани од раководството на УКЛО, укажуваат на нешта кои се уште поважни: оваа програма не е изолирана активност – таа е дел од поголема слика. Имено, како членка на европската универзитетска алијанса КОЛОРС, УКЛО покажува дека знаењето не треба да остане само на хартија. Мобилност, вмрежување, применливо образование – тоа се вредностите што преку оваа иницијатива добиваат конкретна форма, тука, дома, локално.

укло

Се чини дека УЛП е многу повеќе од пракса. Таа е патување – од теорија кон пракса, од студент кон професионалец. Академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, професорката Рената Петревска Нечкоска, има ист став - дека УЛП има потенцијал да биде препознатлив модел на европска практична едукација во локален контекст. Преку конкретно поврзување со мрежата КОЛОРС и европските стандарди за високо образование, УКЛО може уште посилно да го истакне својот европски профил и да им понуди на студентите квалитетни искуства.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование