X
 08.10.2021 Живот

А1 нова понуда за уште повеќе комуникација во припејд-мобилната телефонија

Неограничено на социјалните мрежи, интернет, неограничени разговори и SMS - Сѐ што ти треба!!! - БУКВАЛНО.

Почнувајќи од денеска, А1 Македонија воведува нова исклучително поволна понуда за корисниците во мобилната припејд-телефонија креирана да одговори на корисничките потреби за зголемено количество мобилен интернет, сурфање на социјалните мрежи, неограничени разговори и SMS.

Со еден од новите припејд-пакети, XL, корисниците можат да уживаат уште повеќе поволности и да добијат можност за уште повеќе комуникација цел месец. Имено, со активирање на месечниот пакет XL корисниците добиваат можност за неограничено сурфање на социјалните мрежи Facebook, Instagram, TikTok, Twitter, Messenger, Snapchat и WhatsApp, неограничени разговори и СМС-пораки кон сите национални мрежи и 5GB интернет за опуштено сурфање, цел месец, за 499 ден./месечно.

Сите А1 припејд-корисници месечниот пакет XL можат да го активираат преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање СМС-порака со текст XL на бројот 1474. Пакетот ќе биде достапен за користење откако корисникот ќе добие потврда преку СМС-порака.

Новото портфолио е составено и од месечниот пакет L со неограничени разговори и СМС кон сите национални мрежи, месечен пакет M со неограничени разговори и СМС кон A1 и 2GB интернет и месечен пакет S со неограничени разговори и SMS кон A1.

Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот