X
 27.12.2024 Живот

Успешно реализиран уште еден циклус на работилници на А1 Македонија за едукација на децата за безбедно користење интернет

А1 Македонија со огромен успех заокружи уште еден циклус на работилници за безбедно користење интернет во кој учествуваа 690 деца од 8 основни училишта. Едукативната програма за деца „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!“ е важен чекор во едукацијата на најмалите за безбедно користење на интернетот, помагајќи им да развијат вештини кои ќе ги заштитат во дигиталниот свет.

„Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!“ е програма наменета за четвртоодделенци, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени на возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа да ги заштитат своите лични податоци.

- Навистина сме среќни и задоволни што интересот за оваа едукативна програма расте сè повеќе од година на година. Со брзиот напредок на технологиите, сведоци сме на зголеменото користење на мобилните телефони и на интернетот од страна на децата. Интернетот е корисен извор на информации, едукација и забава, но најмладите не можат да проценат што е соодветно за нив, а што не е. Затоа, седум години во континуитет ги спроведуваме едукативните работилници што опфаќаат теми како што се заштита на личните податоци, што е сајбер-насилство, но и важноста од здраво онлајн однесување - изјави Елена Димовска, раководителка на Одделот за корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Работилниците ќе продолжат и во второто полугодие од учебната 2024/2025 година, а сите што се заинтересирани за предавање можат да пријават училиште на следната веб-страница https://www.a1.mk/klikaj-bezbedno во делот „Пријави училиште“.

За „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно!“

„Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“ е дел од ESG проектот на Групацијата Телеком Австрија, со која сите членки на Групацијата се обврзуваат на одржливо работење и вложување во заедницата, првенствено за дигитална писменост на најразлични возрасни групи.
Во рамките на проектот, предавањата од 2018 година досега ги проследиле повеќе од 6.000 четвртоодделенци, од 65 училишта од 13 града во земјава.
Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието.

Повеќе информации за едукативната програма „Интернетот не е само игра. Кликај безбедно“ се достапни на https://www.a1.mk/klikaj-bezbedno.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот