X
 09.02.2021 Економија

Прогласени најпосакуваните компании во светот за 2021 година

Американската компанија „Епл“ е компанијата на која луѓето низ светот најмногу ѝ се восхитуваат веќе 14. година по ред, открива нов извештај на „Форчун“. Компанијата ги произведува некои од најсаканите технолошки уреди на корисниците, како телефоните „ајфон“ и компјутерите „мек“.

На листата се наоѓаат 332 компании, а меѓу првите 30 убедливо доминираат американски корпорации. Најпопуларните 10 компании се од оваа држава, а помеѓу нив се и „Амазон“, „Мајкрософт“, „Старбакс“, „Алфабет“ и „Нетфликс“.

Гледано по индустрија, меѓу најдобрите компании има такви што работат во областа на технологијата, интернет-продажбата, забавната индустрија, прехранбена и други.

10 најпосакувани компании во светот

1. „Епл“
2. „Амазон“
3. „Мајкрософт“
4. „Волт Дизни“
5. „Старбакс“
6. „Беркшир Хатавеј“
7. „Алфабет“
8. „ЏП Морган Чејс“
9. „Нетфликс“
10. „Костко холсејл“

Извори: inc.com и fortune.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија