X
 09.04.2020 Забава

„Дизни“ нуди онлајн-курс за дизајнирање луна-паркови

Дали некогаш сте се прашувале како изгледа процесот на дизајнирање и изградба на еден луна-парк? „Дизни“ објави онлајн-курс кој покажува како се градат елементите во парковите на компанијата. Во рамките на курсот може и да се обидете самите да изградите одредени елементи.


Фото: Pixabay

Онлајн-курсот пристигна во совршено време кога многумина се принудени да останат дома. Тој претставува одличен начин за стимулација на имагинацијата додека се учат вештини од областа на науката, технологијата, инженерството и математиката.


Фото: Pixabay

Курсот бил направен заедно со „Пиксар“ и „Кан Академи“. Тој вклучува 35 видеа, а главните теми што се покриваат во курсот се создавање светови, дизајнирање атракции и оживување на цртани ликови. Тој нуди и симулатор со кој може да се дизајнираат ролеркостери.

Онлајн-курсот може да го пронајдете овде.

Извор: upworthy.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава