X
 09.04.2021 Забава

Дедо од Словенија стана интернет-сензација копирајќи го стилот на познатите

Еден 75-годишен Словенец, познат како Гремпс, е наречен „најмодерен дедо“ на интернет. И тоа со причина. Гремпс сака да носи модерна облека и често го копира изгледот на познатите личности. Најдобриот дел е тоа што овој дедо потоа позира во облеката исто како славните личности што му биле инспирација, а фотографиите ги објавува неговиот внук на „Инстаграм“.



Гремпс почнал да се облекува модерно во 2016/2017г., а неговиот внук тогаш започнал да го фотографира. На почетокот, тој не разбирал како функционираат социјалните мрежи, но по одредено време луѓето почнале да го препознаваат на улица и барале да се фотографираат со него, па тогаш сфатил дека е интернет-сензација.



Неговиот внук сега има над 1 милион следбеници на „Инстаграм“, а Гремпс дизајнира своја облека. Целото искуство уште повеќе ги зближило дедото и внукот.













Автори: Рокас Луринавичиус и Денис Тимулис
Извор: boredpanda.com
Фото: Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава