X
 09.06.2020 Технологија

Ракетата на „Спејс Екс“ беше лансирана со бесплатен софтвер

Минатиот викенд приватната компанија „Спеј Екс“ на Илон Маск лансира двајца астронаути на НАСА во орбитата и стана првата комерцијална ракета што испрати астронаути во вселената.

Според „ЗДНет“, историската мисија не била овозможена од скап оперативен систем, туку од бесплатниот оперативен систем „Линукс“. Од „ЗДНет“ не известиле за која верзија на „Линукс“ станува збор, но софтверот работи на систем кој ја гарантира безбедноста на астронаутите со помош на координирани три дуал кор процесори базирани на  x86 архитектурата.


Фото: Pexels

„Спејс Екс“ не е првата компанија што носи отворен софтвер во орбитата. Меѓународната вселенска станица, во која престојуваат астронаутите на НАСА, се префрлила од „Виндоус“  на „Линукс“ во 2013.

Автор: Џон Кристијан
Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија