Музичкиот магазин „Ролинг стоун“ го објави списокот со 250 најдобри песни на 21 век. Списокот го отвора „Drops of Jupiter“ од „Трејн“, а на крајот на текстот е спомената и последната песна.
Топ-10 песни
Френк Оушн - „Thinkin Bout You“ (2012)
Песна што го означи пресвртниот момент за современиот аренби и го покажува исклучителниот талент на Френк Оушн како пејач и текстописец.
Бритни Спирс - „Toxic“ (2003)
Хит-песната што го потврди статусот на Бритни Спирс како поп-икона останува модерна и денес поради иновативната продукција.
„Рејдиохед“ - „Idioteque“ (2000)
Според „Ролинг стоун“, една од најпредизвикувачките и најрадикални песни на рок-сцената во овој век.
Кендрик Ламар - „Alright“ (2015)
Рефренот „We gon’ be all right“ стана слоган на движењето „Животите на црнците се важни“, симбол на надеж и заедништво.
Робин - „Dancing on My Own“ (2010)
Химна за танцување низ тагата; песната стана симбол на ЛГБТ+ заедницата и поп-културата.
Тејлор Свифт - „All Too Well“ (2012)
Епска песна за раскинувањето што се истакна како најдобра од многуте кандидати на списоците.
„Вајт страјпс“ – „Seven Nation Army“ (2003)
Култна песна со моќен, едноставен рок-звук, се најде меѓу топ-5.
Бијонсе & Џеј Зи - „Crazy in Love“ (2003)
Дует што ја потврдува Бијонсе како кралица на поп-музиката и комбинира ретро-звук со современ аренби.
„Јеа јеа јеас“ - „Maps“ (2003)
Песна полна со ранливост и искреност, која инспирира многу артисти низ светот.
Миси Елиот - „Get Ur Freak On“ (2001)
Футуристички хит што го редефинира хип-хопот и обликува цела генерација.
Извор:
Nova.rs
Фото: Screenshot/YouTube