X
 09.08.2021 Живот

Мала, но моќна: Европска земја во која жителите не ги заклучуваат автомобилите

Азурен брег, јахти, скапи автомобили и казина се веројатно првите работи што ви паѓаат на ум кога некој ќе го спомене Монако.

Но, што друго знаете за ова кнежевство? Ако не знаете, во продолжение ви донесуваме неколку интересни факти.

1. Монако е држава (буквално микро-држава) лоцирана на француската ривиера, во близина на италијанскиот регион Лигурија. Таа е една од оние земји што граничи само со една земја, а во овој случај тоа е Франција. Исто така, иако фромално Монако не е членка на ЕУ, го користи еврото како валута.

2. Монако е управуван од кнежевство, а во моментов владее Алберт Втори. Тој потекнува од династијата Грималди, и е син на познатата актерка, а подоцна и принцеза на Монако, Грејс Кели. За среќа, Алберт има и наследници, па за Грималди нема зима.

3. Според површината, Монако е втората најмала земја во светот. Од неа помала е само Ватикан. Монако е толку мала земја што практично може да се прошета пешки, но кога станува збор за густината на населението, земјата се наоѓа на прво место.

1
Фото: Freepik

4. Минималната загарантирана плата овде изнесува околу 1.200 евра, а просечната плата е околу 4.400 евра. Сепак, со оглед на трошоците за живот и цените во оваа земја, тоа не е премногу, но со две просечни плати можете да поминете луксузен одмор речиси секаде во светот.

5. Секоја година, уште од 1929 година, Монако е домаќин на трката во „Формула 1“. Возењето во Монако е посебно, бидејќи не се одвива на посебна тркачка патека, туку на градските улици. Патеката е тесна и нема многу можност за претекнување, а присуството на трката е прашање на престиж.

6. Поради богатиот живот, но и угледот, жителите на Монако генерално изгледаат пристојно. Овде се мали шансите да наидете на некој со зелена обоена коса, а ако наидете, веројатно станува збор за турист. Имено, пред извесно време, „страшна“ вест беше тоа што принцезата Шарлин избричила дел од главата.

2
Фото: Pixabay

7. Монако е прилично безбедна земја, и многу граѓани воопшто не ги заклучуваат вратите на автомобилите. Причините за ова се релативно големиот број полицајци, како и големиот број безбедносни камери.

Извор: Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот