X
 10.01.2023 Живот

Казни до 5.000 евра во Германија: што да направите ако прегазите домашен миленик?

Во населените места често се случува мачка или куче да истрча пред автомобил и возачот да го удри. Што се прави во овој случај?

Поголемиот дел од возачите едноставно продолжуваат да возат по несреќата. Германското здружение на возачи има препораки за оваа ситуација. Се препорачува вклучување на светлата за предупредување и носење заштитен елек при излегување од автомобилот.

- Повреденото животно допрете го со ракавици. Тоа веројатно ќе има силни болки и панично ќе гребе или гризе доколку го допрете - предупредуваат од здружението.

Повреденото животно треба да се стави во кутија, пред да биде ставено во автомобилот. Во никој случај не се препорачува „ослободување“ на животното од болката. Кога станува збор за плаќањето, доколку удрите мачка, сопственикот на миленикот е одговорен за лекувањето.

Меѓутоа, делумна вина за несреќата може да сноси секој што возел пребрзо или прекршил други сообраќајни правила. Секој возач кој едноставно ќе продолжи да вози и ќе го остави животното може да биде виновен во судски спор, иако тоа правно не е јасно.

Според здружението, возачите што не се сигурни треба да повикаат полиција, особено доколку удреното животно ги загрозува другите учесници во сообраќајот. Доколку животното е удрено поради непочитување сообраќајни знаци и сериозно е повредено, возачите може да бидат осудени за суровост кон животните.

Се предвидуваат и парични казни до 5.000 евра. Меѓутоа, дури и во случај кога возачот не е одговорен, тој не смее да си отиде од местото.

Извор: Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот