X
 09.09.2022 Живот

Промоција на првенчето на ансамблот „Skopje Jazz Inc“ - "Incorporated"

Aнсамблот „Skopje Jazz Inc"  на 12 септември ќе го промовира деби-албумот "Incorporated", кој е резултат на повеќегодишно заедничко музицирање, период во кој бендот изгради свој единствен и препознатлив стил кој се темели на традицијата, со смел поглед кон иднината. Промоцијата ќе се одржи во кафе-барот „Филхармонија“.

Бендот го сочинуваат музичари добро познати на домашната и меѓународната џез-сцена: Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Горан Ѓешовски (бас) и Виктор Филиповски на тапани, а како специјални гости се јавуваат Кирил Кузманов на флејта и Гордан Спасовски на пијано. Албумот е снимен во студио „Алшар“ во Скопје. Снимател и тон-мајстор е Ивица Јанкуловски. Албумот го издава издавачката куќа „ЗЏМ/ZJM Records“.

- На албумот има седум нови композиции чии автори се Трајче Велков и Зоран Костадиновски. Секако, целото нешто не ќе звучеше вака доколку и останатите членови, Горан Ѓешовски и Виктор Филиповски, не дадеа огромен музички придонес со нивната виртуозност и музикалност - изјави гитаристот Зоран Костадиновски.

Промоцијата нема да биде концертна, но присутните ќе бидат почестени со краток настап на кој "Skopje Jazz Inc" ќе отсвири дел од композициите што се наоѓаат на албумот.  

Подготвил: Никола Петровски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот