X
 09.09.2023 Наука

Косењето трева го продолжува животот, тврдат научници

Истражувачи тврдат дека еден од десет рани смртни случаи може да се избегне доколку неактивни луѓе ги косат тревниците 11 минути на ден. Кратките периоди на умерени вежби, како што се брзо одење, танцување, аеробик на вода или градинарство секој ден, може да го намалат ризикот од рана смрт, срцеви заболувања и рак.

Умерено вежбање

Тим на научници од Универзитетот во Кембриџ вели дека 75-минутно умерено вежбање неделно или 11-минутно вежбање дневно, може да ги намали здравствените ризици во споредба со невежбањето. Експертите анализирале 196 истражувачки статии за здравствените придобивки од вежбањето во кои учествувале повеќе од 30 милиони возрасни лица.

По анализата, тимот на научници проценил дека еден од десет рани смртни случаи може да се избегне доколку неактивни луѓе вежбаат најмалку 75 минути умерено неделно.

- Ризикот од рана смрт, кардиоваскуларни болести и рак се намалуваше кај лицата што повеќе вежбаа - велат научниците од Универзитетот во Кембриџ во спроведеното истражување и препорачуваат најмалку 2,5 часа умерена или 75 минути интензивна активност секоја недела.

Среќни и опуштени

- Ако некој ја смета идејата за 2,5 часа активност неделно застрашувачка, тогаш нашите наоди треба да бидат добра вест. Докажавме дека тие 2,5 часа вежбање може да ви го продолжат животот - вели Сорен Брејџ, еден од авторите на истражувањето.

Исто така, науката покажа дека хемикалиите кои се испуштаат при косење трева ги прават луѓето да се чувствуваат среќни и опуштени, а тоа може да спречи ментални проблеми во староста.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука