X
 09.10.2019 Живот

Нова книжарница на ТРИ во нашиот град

Издавачкиот центар ТРИ најавува отворање на уште една книжарница во центарот на градот, овој пат во Трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец. Познати по одличниот избор на книги и големиот број акции, промоции, средби со љубителите на добрата книжевности и бенефиции за своите читатели, ТРИ продолжува да освојува нови простори, а со тоа и да ја шири љубовта кон книгите и читањето.

Книжарницата ТРИ се отвора вечерва во 19 часот, со присуство на многу автори и членови на Клубот на читатели, a отворањето ќе биде одбележано и со попуст за првите купувачи.

И новата книжарница на ТРИ во ТЦ „Зебра“ ќе биде место каде што ќе може да се најде најдоброто од домашната и странската литература. Ќе биде отворена преку целата недела, а во неа ќе ве пречекаат секогаш расположените книжари кои ќе ви помогнат да ја изберете вистинската книга за секој повод.

Ве очекуваме,

Со почит,

Издавачки центар ТРИ

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот