X
 09.10.2019 Живот

Тајната на руските ракети: Зошто на сите пишува Тања?

Сите ракети лансирани од космодромот „Плесецк“ во Русија имаат име Тања бидејќи легендата вели дека доколку на ракетата не стои тоа женско име, лансирањето нема да биде успешно.

Сè почнало уште од 70-тите години на 20 век, објаснува шефот на истражувачката група на космодромот, Петар Потапов. Тогаш еден поручник, со желба да ѝ изрази љубов на својата девојка, го напишал нејзиното име на ракетата која требало тој ден да биде лансирана во вселената. Меѓутоа, како што вели Потапов, тогашниот наредник, на чие име веќе не се ни сеќава, кога го видел натписот на ракетата, наредил името да се избрише пред лансирањето.

- Бидејќи лансирањето било неуспешно, од тој момент на секоја ракета стои името Тања, за среќа - вели Потапов.

Тој додава и дека таа должност ја врши повеќе од десет години, дека учествувал во повеќе од 30 лансирања и дека на секоја ракета пишува „Тања“.



Космодромот настанал кон крајот на педесеттите години од минатиот век за лансирање на интерконтиненталниот балистички проектил Р7. Од тој проектил ќе настане целата советска програма за истражување на вселената, а „Плесецк“ ќе биде тајна база за лансирање шпионски сателити. Дури по распадот на Советскиот Сојуз, кога Казахстан почнал да наплаќа 115 милиони долари годишно за користење на „Бајконур“, на „Плесецк“ му се зголемила популарноста.

Фото: Express.hr

Многу е интересно да се следи како Советскиот Сојуз остро го негирал постоењето на лансирната рампа на таа локација. Меѓутоа, во 1966 година наставник по физика во една британска школа го следел патувањето на сателитот „Козмос 112“ и заклучил дека не е лансиран од „Бајконур“. Три години подоцна Финците успеале да фотографираат лансирање на сателит. По завршувањето на Студената војна се покажало дека ЦИА се сомневала во постоењето на лансирни силоси за интерконтинентални ракети уште кон крајот на педесеттите години, што значи дека информациите за проектилот протекле уште на самиот почеток.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот