X
 09.11.2018 Забава

Астрономи сакаат со ласери да привлекуваат вонземјани

Научната фантастика со децении нè убедува дека кога вонземјаните ќе стигнат на нашата планета, тоа ќе биде многу лош ден за човештвото. Овие фиктивни застрашувачки приказни не ги спречија одредени научници да размислуваат за начините на кои жителите на Земјата би можеле да привлечат вонземски цивилизации. Во една нова студија се сугерира дека можеме да почнеме да испраќаме ласерски сигнали во вселената за да можат вонземјаните полесно да нè лоцираат.

Во трудот објавен во списанието „Астрофизикал журнал“ се наведува дека постојната технологија би можела да ни користи за создавање инфрацрвена светлина која би била доволно силна за да биде забележана од интелигентни суштества од други цивилизации.

- Кога ќе нè откријат, тоа ќе им биде како трага од трошка леб и ќе почнат да пристигнуваат - се наведува во трудот.

Според авторот на студијата, Џејмс Кларк, ова би можело да биде предизвикувачки, но не и невозможен проект.

- Телескопите и ласерите што денес ги имаме можат да произведат сигнал кој може да биде забележан од вселената, вселенскиот астроном може да погледне кон нашата планета и веднаш да забележи нешто необично - вели тој.

Авторот мисли дека ласер од еден до два мегавата би бил доволен ако се пропушти низ телескоп со големина од 45 метри.

Во научната заедница има многу луѓе што не ја критикуваат идејата за можна средба со вонземјани. Откривањето на интелигентниот живот подалеку од Земјата би можел да биде величествен настан, иако потенцијалните последици може да бидат ризични. Постои оправдана загриженост дека ресурсите на Земјата се предобри за да им се одолее и дека така повикуваме на сопствено истребување.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава