X
 09.12.2020 Живот

Ова се неработните денови во 2021 година

Министерството за труд и социјална политика ја објави листата со неработни денови за 2021 година.

Така, согласно Законот за празниците на Република Македонија („Сл. весник на РМ“, број 21/98 и 18/07) во 2021 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ
• 1 јануари (петок), Нова година,
• 7 јануари (четврток), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,
• 1 мај (сабота), Ден на трудот,
• 3 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
• 13 мај (четврток), Рамазан-бајрам, првиот ден на Рамазан-бајрам,
• 24 мај (понеделник) Св. Кирил и Методиј, Ден на сесловенските просветители,
• 2 август (понеделник), Ден на Републиката,
• 8 септември (среда), Ден на независноста,
• 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание,
• 23 октомври (сабота), Ден на Македонската револуционерна борба,
• 8 декември (среда), Св. Климент Охридски,

За граѓаните од православна вероисповед
• 6 јануари (среда), Бадник, ден пред Божик,
• 19 јануари (вторник), Богојавление (Водици),
• 30 април (петок), Велипеток, петок пред Велигден,
• 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
• 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед
• 5 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
• 1 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
• 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 20 јули (вторник), Курбан-бајрам, првиот ден на Курбан-бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (понеделник), Ден на албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
• 27 јануари (среда), Свети Сава,

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 8 април (четврток), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (недела), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик

Насловна фотографија: Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот