X
 10.02.2022 Живот

„Оживеано“ леталото од цртежот на Да Винчи старо 500 години

Во 1483 година италијанскиот гениј Леонардо да Винчи направил еден од најраните цртежи на роторно летало кое се напојува со „воздушен шраф“ или „воздушен жироскоп“. Тој, меѓу другото, бил сликар, инженер и научник. „Мона Лиза“ и „Тајната вечера“ се меѓу неговите ремек-дела.

Инженери од Универзитетот во Мериленд биле толку инспирирани од дизајнот на хеликоптерот на Леонардо да Винчи, што ги искористиле неговите скици стари 500 години за да развијат функционален дрон за да се натпреваруваат во дизајн на летот.

Тимот работи на леталото од 2019 година, а Остин Прет, кој е дел од тимот, ја пријави нивната прва верзија наречена „Елко“ во 2020 година. Сосема случајно, тогаш била 500-годишнината од смртта на Да Винчи, а тимот ја освоил првата награда за дизајнот.

Сепак, незадоволен од својата работа, Прет поминал уште 15 месеци развивајќи го „Кримсон спин“, квадрокоптер кој содржи неколку аспекти од оригиналниот дизајн на Леонардо.

„Кримсон спин“ е мал беспилотен квадрокоптер со крила инспирирани од дизајнот на Леонардо наречен „воздушен шраф“. Тој ја искористил завртката на Ахримед за да го исфрли воздухот и да обезбеди лет.

Дронот има четири пластични крила, но наместо рачно да ги ротира (или пумпа) како што предложил Леонардо, овие крила се напојуваат со батерии и електрични мотори.

Исто така, тимот направил и неколку измени на дронот, на пример, брзината на пропелерот, со цел да се наведнува на една или друга страна.

- Бев многу изненаден што функционираше - вели Прет.

Иако дронот направен од Прет е прилично мал, може да се направи со големина да носи луѓе, изјави Прет на презентацијата на неговите резултати и првата снимка од авионот додека лета на конференцијата „Трансформативен вертикален лет 2022“ во Сан Хозе, Калифорнија, минатата недела.

Извор: Nationalgeographic.rs
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот