X
 10.04.2020 Здравје

Четворица оздравени од коронавирус, 48 нови случаи

Двајца оздравени тетовци и еден кумановец си заминаа денеска дома од
Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство. Оздравен е и пациент од Скопје, кој се лекувал во домашни услови.

Во изминатите 24 часа направени се рекордни 496 тестирања на Ковид-19 и регистрирани се 48 нови случаи позитивни на вирусот. По градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица. Според местото на живеење, досега случаи на Ковид-19 се регистрирани во:

Скопје – 284
Куманово - 168
Дебар – 49
Штип-21
Прилеп –50
Тетово – 31
Струга – 33
Велес – 18
Битола –8
Охрид –4
Кавадарци - 3
Гостивар –6
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш - 4
Крушево – 3
Кочани – 19
Пробиштип - 1

Од 496 тестирање, преку Институтот за јавно здравје се направени 353, преку Ветеринарен факултет – 9, Авицена – 14 , Биотек – 24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067 тестирања на Ковид-19.

Во извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани две претходно починати лица. Утрово министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека претседателите на СДСМ и на ВМРО, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се во 14-дневна самоизолација откако минатата недела имале контакт со новинар позитивен на вирусот. Новинарот е во добра здравствена состојба, Мицкоски е негативен на првиот тест, а попладне ќе бидат соопштени и резултатите од тестот на Заев, кој вчера заминал дома, во Струмица.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје