X
 10.05.2022 Живот

Една од најдолговечните жени во светот секогаш јадела ист појадок

Појадокот е многу важен оброк што не треба да се прескокнува: може или да ви го разубави денот или да ви го наруши. Го стимулира нашиот метаболизам и ни дава многу хранливи материи и енергија потребни за квалитетен почеток на денот.

Една од најстарите жени на светот го знаела тоа, а можеби ќе се изненадите што јадела секој ден.

Сите знаат дека она што го внесуваме во нашето тело за појадок игра важна улога за нашето здравје и долговечноста. Mоже да помогне и за намалување на салото на стомакот и зајакнување на имунитетот, што можеби би можело да биде клучна компонента за долг и здрав живот.

На тоа се придржувала и Сузана Мусат Џонс, една од најстарите жени во светот која имала специфична храна за појадок. Таа верувала дека токму поради појадокот, доживеала толку длабока старост.

Според толкувањето на некои експерти, причината поради која Џонс живеела 117 години е тоа што јадела сушено месо секој ден.

Џонс е родена во јули 1899 година, а почина во 2016 година, откако го прослави својот 117. роденден. Нејзината рутина останала иста до крајот - за појадок, кој бил во 10:30 часот, таа секогаш јадела матени јајца со сушено месо.

Сушеното месо е добар извор на протеини и е богато со многу витамини и минерали, вклучувајќи железо, витамин Б12, фосфор и фолна киселина. Хранливите материи во комплексот витамин Б помагаат за спречување инфекции и подобрување на здравјето на клетките. Тие, исто така, им помагаат на различните ензими да функционираат правилно, вклучително и при ослободување енергија од јаглехидрати и масти и разградување на аминокиселините. Витаминот Б, исто така, помага во транспортот на кислород и хранливи материи кои се клучни за енергијата.

Исто така, сушеното месо содржи селен - минерал кој активира одредени протеини поврзани со превенција од рак, но и добра количина на цинк, кој помага во контрола на активноста на гените.

Сепак, важно е да се напомене дека со сушеното месо, како и со другата храна, не треба да претерувате за да не предизвикате контраефекти, а на ова особено треба да внимаваат луѓето што имаат проблеми со срцето.

Иако сушеното месо било задолжително во појадокот на Џонс, таа не го јадела во остатокот од денот. За ручек јадела овошје, а за вечера - месо, зеленчук и компири.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот